ЗЕЛЕНСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА СО НАДЕЖ Брод со жито пристигна во Етиопија ВИДЕО

213

Брод со украинска пченица наменет за Етиопија вчера пристигна во пристаништето, првиот брод што испловил како дел од напорите за испраќање храна во земјите најранливи на глад и суша, рече претседателот Володимир Зеленски.

Минатата сабота Украина и сојузничките земји покренаа иницијатива за извоз на жито во вредност од 150 милиони долари во Етиопија, Судан, Јужен Судан, Сомалија, Конго, Кенија и во Јемен.






„Испраќаме храна. Испраќаме надеж“, рече Зеленски во твитот заедно со кратко видео од бродот што превезува 25.000 тони пченица за Етиопија, за кој рече дека пристигнал во пристаништето Доралех, во соседен Џибути.

Зеленски во петокот рече дека до почетокот на следната година вкупно околу 60 бродови ќе испорачаат товар.

 

Поврзани содржини