ЗЕЛЕНСКИ ГИ КАЖА ПОЗИЦИИТЕ ЗА ПРЕГОВОРИ Дали Путин се согласува со тоа?
Украинскиот претседател вели дека народот на Украина го избрал за претседател на Украина, а не за претседател на некоја, како што рекол, „мини Украина".
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека мировниот договор со Русија зависи од повлекувањето на руските сили на положбите пред 23 февруари.
Тој во обраќањето пред лондонскиот тинк-тенк нагласи дека тоа е минимумот што неговата земја може да го прифати, бидејќи не прифаќа да се зборува за тоа Русија да ги држи териториите кои ги освоила откако ја нападнала Украина, објави Би-би-си..
-За војната меѓу Русија и Украина да биде сопрена, потребно е враќање на ситуацијата од 23-ти февруари- вели Зеленски.
Тој рече и дека народот на Украина го избрал за претседател на Украина, а не за претседател на некоја, како што рекол, „мини Украина”.
Зеленски повикува на продолжување на дипломатскиот дијалог меѓу Русија и Украина.
-И покрај фактот дека ги урнаа сите наши мостови, мислам дека не се сите уништени, фигуративно кажано – рече тој.