ЗЕЛЕНИТЕ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА Маја оди си и напушти ја партијата

Иницијативата е на 17 општински огранизации на ДОМ кои се дистанцираат од недемократските одлуки и постапки на раководството на ДОМ и претседателката Маја Морачанин.

844

Ние ЗЕЛЕНИТЕ од 17 општински организации на ДОМ се дистанцираме од недемократските одлуки и постапки на раководството на ДОМ и претседателката Маја Морачанин, порачаа на денешната прес-конфееренција, притоа повикувајќи ја претседателката на партијата да си поднесе оставка како најодговорна за уништување на единствената зелена партија во Македонија.

– Јасно и гласно пред целата јавност изјавуваме дека нашето дистанцирање е поради недемократските, нестатутарните и нечовечките постапки на Маја Марочанин и елитистичкото друштво кое ја киднапираше зелената партија. Тоа друштво повеќе не ги застапува зелените вредности и зелените политики. Тоа друштво одработува за нечии интереси и се труди ДОМ како зелена партија целосно да ја уништи – рече Ристенка Алтипармаковска од иницијативата.






Таа посочи дека Маја Морачанин со актуелното раководство се само лица поединци без поддршка од општинските организации на партијата. Истите се интересираат само да приграбаат нови позиции, жестоко се пресметуваат со секој неистомисленик го отстранат, разрешат или игнорираат.

– Започнаа со игнорирање на иницијативата за демократизирање на партијата зад која застанаа мнозинството членови на Централниот Одбор и 2/3 од Општинските организации. Потоа нестатутарно со фантомски гласачи ги разрешија од потпретседателска функција Ана Петровска и Мирослав Богдановски, лица кои кои се признати борци против загадувачите, за потоа да излобираат и разрешување на Ана Петровска од Директорската позиција во Инспекторатот за животна средина. И не останаа само на тоа преминаа кон делење на откази кон лица кои не се согласуваат со нивните нестатутарни и недемократски дејства – велат од иницијативата.

Од општинските огранизации потенцираат дека на улица оставаат лица со врвни резултати во нивното професионално работење, вршат мобинзи и притисоци, делат откази на лица кои што се поддржувачи на иницијативата за демократизирање на партијата.

– Згора на се формираа коалиција МАГЛА со која сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните на престојните локални избори. Почитувани. Од Маја Морачанин бараме ОСТАВКА. Напушти ја Маја зелената партија. Не ја уништувај единствената зелена партија. Судејќи според реакциите од разрешувањето на Ана Петровска се гледа дека на демократската јавноста и е кристално јасно дека се работи за лажни демократи и лажни зелени – рекоа иницијаторите на денешната прес-конференција.

Барањето за оставка доаѓа од 17 општински организации на ДОМ:

Битола, Велес, Лозово, Кисела Вода, Гази Баба, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Делчево, Берово, Радовиш, Аеродром, Пробиштип, Дојран, Ѓорче Петров.

Поврзани содржини