ЗЕЛЕНАТА АГЕНДА ИМА РЕШЕНИЈА ЗА ОПШТИНИТЕ Ахмети се пофали со вложувањето во кадрите на ДУИ
Лидерот на ДУИ го претстави кандидатот за градоначалник на Липково Еркан Арифи.
Демократската унија за интеграција денеска воЛипково го презентираше кандидатот за градоначалник на оваа општина Еркан Арифи и листата на советници предводена од Зекирија Шаини.
На присутните им се обратија претседателот на ДУИ Али Ахмети, Првиот вицепремиер Артан Груби и кандидатот за градоначалник на општина Липково, Арифи.
Ахмети во својот говор изрази максимална поддршка за кандидатурата на Арифи и советничката листа додавајќи дека тој како актуелниот градоначалник реализирал најмногу проекти во општина Липково.
Тој потенцираше дека зелената агенда има решение за проблемите во општините и таа агенда гарантира подобар живот и по развиени општини
– Сега излеговме со зелената агенда, агендата на европско време, модерна, но и која го подобрува начинот на живот. Поглавјето 24 за членство во ЕУ е едно од најсложените, бидејќи животот на луѓето зависи
од тоа како ја организираат животната средина. За овие години инвестиравме во кадри и горд сум што овие инвестиции се навистина докажани со нивната работа на сите нивоа – рече Ахмети.
Првиот вицепремиер Груби во својот говор истакна дека општина Липково е меѓу првите општини со повеќе проекти.
– Од почетокот на оваа влада, во општина Липково нема село каде не се работи, нема проект што е поднесен и не се реализира, секое ветување на Еркан ќе го поддржиме до крајот на мандатот. Зборовите што ги кажаа сонародниците се најдобарата проценка бидејќи другите институции не можат да ги водат непрофесионални луѓе. Тој е градоначалник со највеќе реализирани проекти, затоа се бара
поддршка за него – рече Груби.
Еркан Арифи, кандидат на ДУИ за градоначалник на Липково пред граѓаните рече дека во текот на овој мандат напорно работеле и со тој интензитет ќе продолжат и понатаму.
– Не ги разликувавме граѓаните, но во секое време сме се обиделе да им служиме на сите, нема ден да не ги сретнеме граѓаните за да ги слушнеме нивните грижи. Во соработка со Владата реализиравме многу
инфраструктурни проекти. Ако работиме заедно, победата нема да недостасува, затоа апелирам до сите вас да излезете масовно на денот на изборите – рече Арифи.