ЗЕЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ, А РАБОТЕЛЕ ВО СТРАНСТВО Струмички службеници од Агенција за вработување овозможиле кражба на буџетот

Според пријавата, во периодот од 2021 до 2025 година, пријавените, како вработени во Агенцијата за вработување – Центар Струмица, пријавувале лица како активни баратели на работа, иако истите воопшто не се наоѓале на територијата на Македонија, туку биле во странство.

1,976

Седум вработени во Центарот за вработување во Струмица овозможиле лица кои живееле и работеле во странство незаконски да земаат државна помош, со што ја оштетиле државата за над 5.400 евра.

Како што информира полицијата, СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.К.(62), Ж.Д.(56), Е.Д.(42), Ж.К.(67), З.Ј.(56), Ј.Т.(45) и Р.А.(55), сите од Струмица, под сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.






Според пријавата, во периодот од 2021 до 2025 година, пријавените, како вработени во Агенцијата за вработување – Центар Струмица, пријавувале лица како активни баратели на работа, иако истите воопшто не се наоѓале на територијата на Македонија, туку биле во странство.

И покрај тоа што според Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (член 59-а), тоа е спротивно на прописите, овие лица добивале и гарантирана минимална помош, која требало да им биде укината.

Со тоа, како што соопшти МВР, на државниот буџет му е нанесена штета од 333.968 денари, што е околу 5.420 евра.

Поврзани содржини