Ѝ ЗЕЛ 5.000 ЕВРА ЗА ДРЖАВЈАНСТВО Млада жена пријави дека ја измамиле за документи

29-годишниот Н.К. ѝ ветил дека ќе и извади македонски лични документи и државјанство на неа и на нејзините сестри.

48

25-годишна жена од скопско село останала без околу 5.000 евра по една година доверба во човек кој, како што тврди, ѝ ветувал дека ќе ѝ среди македонски лични документи и државјанство – не само за неа, туку и за нејзините сестри.

Жената му ги давала парите во повеќе наврати, почнувајќи од декември 2023 па сè до крајот на 2024 година, верувајќи дека 29-годишниот Н.К. навистина ќе ѝ ги заврши документите. Но документите никогаш не стигнале, а мажот престанал да ѝ одговара.






Кога конечно сфатила дека нешто не е во ред, таа отишла во полиција и пријавила дека станала жртва на измама. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите детали.

Поврзани содржини