Зеколи: Ако за скандалот на Заев и Рашковски со сомнителни олигарси молчат сите, Пендаровски да почне акција
Посебно внимание треба да се посвети на два фактора - потфрлањето на безбедносните агенции под негова капа и објаснување за тоа кој и зошто инсистира да еден лик како Рашковски кој е се уште во самиот врв на Владата, и покрај редица ужасно скандалозни компромитации од безбедносен , политички и цивилизациски карактер.
Скандалот со поврзаноста на највисоки владини раководители со крајно сомнителни олигарси од Црна Гора, Србија познати по блиски односи со руската федерација ја враќа земјата во периодот на пред-кумановските настани од 2015. Како последен пример во кој се преплетува потфрлањето на безбедносните агенции, олигархијата, владините претставници и подземјето, пишува Арсим Зеколи, поранешен македонски амбасадор во ОБСЕ.
„Озбилноста на овој нов момент е дополнително подвлечена со идентичниот пристап од страна на повиканите и надлежните – со гласност на опозицијата и застрашувачки молк на игнорирање од надлежните владини структури. По ист терк како со Куманово, така и денес. Едноставно незамисливо е дека часови по објавувањето на снимката, ниту Владата, ниту МВР, ниту МО, ниту надлежните агенции не излегоа со барем реченица реакција дека „се преземаат соодветни мерки”.
Нивниот молк, кој означува дека се фатени во мошне непријатна и потенциално фатална компромитација, ми дава за право да му укажам на Стево Пендаровски дека ваквите настани бараат конкретна и решителна акција од негова страна. Со што зборовите за „потенциални закани” (кои ги користи во неговите истапи) ќе ги поткрепи со дела. Што подразбира свикување итен состанок на Советот за безбедност (со исклучување од нив на Заев, Мицкоски, Рашкоски) и барање детален извештај за тоа како е воспоставена соработка, стапено во контакт, како Дака бил примен кај премиерот, кои се последиците на таквата соработка по безбедносниот кредибилитет на земјата кај нашите партнери и какви се понатамошните реперкусии по нас.
Посебно внимание треба да се посвети на два фактора – потфрлањето на безбедносните агенции под негова капа и објаснување за тоа кој и зошто инсистира да еден лик како Рашковски кој е се уште во самиот врв на Владата, и покрај редица ужасно скандалозни компромитации од безбедносен , политички и цивилизациски карактер.
Непосредно пред референдумот, во еден напис укажав дека вмешателствата на источните фактори нема да се случат за време или после референдумот, туку подоцна, при изборите. Останувам на тој став. За разлика од Зоран Заев кој сноси одговорност за овој скандал, Пендаровски, од она што досега е објавено, не може да се смета автоматски како одговорен за истиот. Но, доколку не реагира навреме и со тоа превенира можни задкулисни безбедносни сценарија, тој нема да се соочува со прашање на неговата одговорност туку со оптужби за вина и соучесништво поради невршење на неговите уставно зацртани обрски, “, порачува Зеколи.