Зекири: Законот не се носи за ВМРО, туку за граѓаните, не е време за хирови
Јас и Антонио бевме во инфективната клиника и видовме колку лекарите се посветени и даваат се од себе - рече Зекири.
Мухамед Зекири пратеник и потпретседател на СДСМ во емисијата „24 анализа“ посочи дека ситуацијата е сериозна и несфатливо е тактизирањето на опозицијата и се случувало опозицијата неколку пати да го менува ставот.
– Законот не се носи за ВМРО-ДПМНЕ, туку за граѓаните и не е време за хирови и политичко профитирање и крајно време е итно да се донесе овој закон – рече Зекири.
Зекири посочи дека има нови препораки од Комисијата за заразни болести и од Владата и СДСМ веќе ги изготвило амандманите со кои ќе се интервенира во законот и да станат составен дел на истиот закон. Се надева дека нема да има веќе тактизирање од опозицијата.
Зекири посочи дека веќе има комисија за заразни болести и не гледа потреба за формирање на нова комисија како што предложи Милошоски. Таа комисија е стручна и Зекири има резерва само кон граѓаните кои не ги почитуваат мерките.
– Комисијата не дава препораки за себе, туку за сите нас. Затоа е потребно е да се посветиме и секј да даде придонес за псречлување на шпирењето на болеста.не е време за забави и свадби. И многу помоќни земји не успеваат да се справат со болеста хери на денешницата се лекарите кои даваат се од себе. Јас и Антонио бевме во инфективната клиника и видовме колку лекарите се посветени и даваат се од себе – рече Зекири.