ЗЕКИРИ ДА КРАДЕ, НА ЗАЕВ ДА НЕ ДАДЕ? Секретарот не можел да прави криминал без главата на мафијата на власт
Дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а нему да не му дале ниту едно евро, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а нему да не му дале ниту едно евро? Дали и колку од парите кои ги зел Мухамед Зекири, околу 1 милион евра, завршиле во џебот на кумот Заев и/или кај новиот шеф Ковачевски, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
„Ваков милионски криминал не може да се прави без знаење на главата на мафијата. Оттука истрагата треба да се прошири на сите кои биле вмешани. Случајот со генералниот секретар на владата на заевизмот, Мухамед Зекири, исто како и неговиот претходник Рашковски ја злоупотребил својата функција и направил криминална зделка чија вкупна вредност е речиси 1 милион евра. Имено, Зекири на двајца хрватски државјани им исплатил скоро 1 милион евра врз основа на договорот за консултантски услуги за приватизација на државна институција Македонски пошти за кој немало тендер и на крајот добил ‘семинарски труд’“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.