ЗЕКИРИ ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛ СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА? Обвинителството бара притвор
Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, порачаа од ОЈО.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе nаредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и еден државјанин на РСМ.
Оттаму порачуваа дека постои реална опасност осомничените да се дадат во бегство, дотолку повеќе што двајца се странски државјани, ако се има предвид кривичното дело што им се става на товар, како и опасност доколку осомничените се бранат од слобода да ги уништат трагите или да влијаат врз потенцијалните сведоци или да го повторат делото, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерка притвор за тројцата осомничени.
Медиумите претпоставуваат дека истражната постапка е отворена против Мухамед Зекири, генералниот секретар на Владата. Тој утринава изјави дека не знае ништо за постапката што се води против него, ниту, пак, знае дека обвинителството побарало притвор.