„ЗЕГИН“ ОТВОРИ ОНЛАЈН АПТЕКА Од денеска нарачувајте од дома

Со отворањето на интернет аптеката сметаме дека ќе се доближиме повеќе до модерниот потрошувач кој постојано ги менува купувачките навики во согласност со своето време, велат од „Зегин“.

937

Најголемиот фармацевтски синџир на аптеки „Зегин“ денеска ја отвори својата интернет аптека која во моментов е достапна само за нарачки на територијата на град Скопје.

„Зегин како успешна компанија која постои повеќе од 30 години се приклучува кон светските трендови со цел да им овозможи на своите потрошувачи лесен, едноставен и комфорен начин во снабдување на нивните потребни производи.






– Со отворањето на интернет аптеката сметаме дека ќе се доближиме повеќе до модерниот потрошувач кој постојано ги менува купувачките навики во согласност со своето време – велат од Зегин“.

Во моментов се достапни повеќе од 3.000 производи поделени во 10 категории. Интернет аптеката е отворена секој ден во неделата и доставата се врши до 21 часот. Интернет аптеката секојдневно ќе се развива и ќе го проширува својот асортиман за да ги задоволи потребите на сите свои потрошувачи, најавуваат од компанијата.

Ова е само еден чекор кон новитетите кои Зегин планира да ги воведе и применува во иднина со цел да се обезбеди поголем квалитет во работата, кој ќе резултура со уште поголем успех и позадоволни купувачи.

Поврзани содржини