„ЗЕГИН“ ОПРЕМИ КАБИНЕТ ВО ПОЛИКЛИНИКА БУКУРЕШТ Пријатна атмосфера при посета на лекар

Иницијатори за возобновување на кабинетот се бадникарските кумови за 2022 година Александар Митевски и Драган Спасов Дац.

389

Компанијата Зeгиндонираше и го опреми возобновениот кабинет за педијатриска пулмоалергологија, во рамките на ЈЗУ Поликлиника Букурешт – Здравствен Дом Скопје со неопходни секојдневни средства за работа, средства за дезинфекција, детски инхалатори, бебешки подлоги за повивање, играчки и детски маски.

На вчерашната промоција на кабинетот за чие возобновување иницијатори се бадникарските кумови за 2022 година Александар Митевски и Драган Спасов Дац, уште еднаш се потврди дека хуманоста не познава граници и дека секогаш треба несебично да се помага онаму каде што е потребно.






Благодарение на донациите, кабинетот е облагороден, а крајниот и најважен резултат е атмосферата која кај пациентите буди пријатни и удобни чувства при нивната посета.

Домаќин на промоцијата беше целиот персонал на ЈЗУ Поликлинката Букурешт, на чело со д-р Благица Манчева.

Поврзани содржини