ЗЕГИН ОБЕЗБЕДИ НАГРАДИ ЗА ПОВЕЌЕ ОД 70 ОПШТИНИ Среќа за храбрите што влегоа во осветените води
Големиот христијански празник Водици, Богојавление и оваа година беше поддржан од компанијата Зегин. Покрај минусните температури повеќе од 220 учесници беа пријавени на главната скопска манифестација.
Според верувањата оној кој ќе го фати светиот крст ќе го следи здравје, среќа и бериќет низ целата година, како и сите оние кои со голема храброст влегоа во осветените води.
Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува и на овој христијански празник со тоа што обезбеди награди за повеќе од 70 општини во земјата.
Со овој празник се заокружуваат дванаесетте „некрстени денови“, како и циклусот на зимски празници.
Зегин им посакува многу здравје, среќа, успех и мир на сите оние кои беа дел од манифестацијата, како и на нивните семејства.