„ЗЕГИН“ ИЗМАМИ НАСМЕВКИ КАЈ ДЕЦАТА Пакетчиња и донации за деца од социјално загрозени категории
Изминативе денови во духот на празничната магија компанијата „Зегин“ донираше новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозена категорија, а со пакетчиња ги израдува и лицата во Дневните центри за лица со аутизам и ментална или телесна попреченост.
– Празниците носат радост, мир и многу желби за добро здравје и убава иднина. Но, празниците се и за дарување од срце, за уште поголеми насмевки и радости, особено кај најмалите – велат од компанијата.
Со помош на „Зегин“ од печат излезе сликовницата „Чудесната џунгла“ на писателката Наташа Поповска, за која е издадена и аудио книга за лицата со оштетен вид. Средствата од продажбата на сликовницата и аудио книгата ќе бидат целосно наменети за кардиолошкиот оддел при Детската клиника во Скопје.
„Зегин“ донираше новогодишни пакетчиња и за децата кои престојуваат на Одделот за детска кардиологија и пулмологија.
На новогодишни пакетчиња се израдуваа и децата на самохрани родители од здружението One Can, како и децата од Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација од Заводот за слух, говор и глас – Скопје.
Од компанијата потврдуваат дека овој тренд ќе продолжи и во Новата година, во која како и досега со нивна помош ќе се реализираат многу проекти за помош на семејства, установи, организации и здруженија, ќе се поддржуваат спортски и културни настани, ќе се создаваат нови пријателства и соработки кои ќе траат и ќе сведочат дека со заеднички заложби може да се постигне повеќе.
Компанијата „Зегин“ е позната по својата општествена одговорност, а со своите хумани дела и донации има за цел да испрати силна порака и до останатите компании и поединци дека општествената свесност и одговорност се важен дел од секое општество и од секоја заедница.