ЗЕГИН ДОНИРАШЕ АПАРАТ ЗА МЕРЕЊЕ БИЛИРУБИН Се олеснува работата на неонатолозите во Охридската болница
Компанијата Зегин денеска донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчиња во Општата болница – Охрид на одделението за гинекологија и неонатологија.
Апаратот овозможува точен и брз резултат кој го заштитува новороденчето од традиционалниот начин на проверување крв.
Донацијата ја прими директорот на болницата, д-р Асен Шајн кој се заблагодари од свое име и од името на целиот персонал на одделот. Тој ја поздрави општествено-одговорната иницијатива на компанијата Зегин, нагласувајќи ја важноста на овој апарат, не само за овој оддел, туку и за целата болница во која доаѓаат пациенти од целиот регион, а со чија помош многу ќе се олесни работата на персоналот и ќе се добиваат многу побрзи резултати во интерес на здравјето на пациентите.
Од компанијата Зегин изјавија дека оваа донација почеток со кој би се најавиле и идни соработки со болницата, а Зегин како етаблирана општествено-одговорна компанија и понатаму ќе продолжи да излегува во пресрет онаму каде што е потребно.