„Зегин“ донираше 4.000 визири за децата во Шуто Оризари
Благојa Механџиски додели донација од 4.000 детски визири за децата од основните училишта „Браќа Рамиз и Хамид“ и „26 Јули“, како и за најмалите од градинката „8 Април“ од општина Шуто Оризари.
По повод 8 Април, Светскиот ден на Ромите, сопственикот на компанијата Зегин, господинот Благојa Механџиски, додели донација од 4.000 детски визири за децата од основните училишта „Браќа Рамиз и Хамид“ и „26 Јули“, како и за најмалите од градинката „8 Април“ од општина Шуто Оризари.
Донацијатата ја примија директорите на основните училишта, а присуствуваше и претставник од општината Шуто Оризари, како и господинот Зоран Димов, претседател на Интернационалната Ромска Унија (IRU) и координатор на мрежа за трајни системски решенија.
Како што истакна претставникот од Зегин, господинот Мехнџиски и понатаму ќе продолжи да помага онаму каде што е потребно, со надеж за што побрзо справување со пандемијата.