ЗЕЧЕВИЌ НАЈАВИ ИЗБОР НА НОВИ ОПШТИНСКИ РАКОВОДСТВА Секој социјалдемократ, од кое било време, да биде вклучен
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ попладнево одржа работен состанок со претседатели и секретари на oпштинските организации на СДСМ.
На состанокот, генералниот секретар го претстави планот за избор на нови претседатели и раководства на oпштинските организации и na gрадската организација на СДСМ преку широк инклузивен процес, во консултација со членството и месните организации на партијата.
– Да се чуе гласот на секој член и заедно да ги избереме вистинските кандидати за претседател во секоја општинска организација на партијата. Преку еден инклузивен процес кој ќе трае неколку месеци и кој ќе има два циклуси на консултации со месните организации. Да им дадеме шанса на месните одбори да се изјаснат, да дадат свои предлози за кандидати за претседател, а секако дека останува и процесот на самокандидирање а изборот ќе се врши согласно Статутот. Вториот циклус на консултации ќе продолжи по назначувањето на претседател на општинската организација, за номирањето на предлози за членови за извршен одбор, односно раководство на општинската организација. Секој поединец, социјалдемократ, од кое било време, да биде вклучен, да даде придонес. Да го сплотиме целиот наш човечки потенцијал, да ги избереме висинските луѓе – рече генералниот секретар на СДСМ.
Постапката за избор на претседатели на општински организации на СДСМ почнува од утре, 12 јануари, со објава на јавен глас, rоковник и pравилник за постапката на официјалната интерент страница на СДСМ.