Меѓу новозаболените од коронавирус се и здравствен работник и наставник во подрачно училиште во Кавадарци. Во изолација се 38 ученици. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.
– Нови 40 случаи позитивни на ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата. Од нив, 26 од Кавадарци, по шест во Росоман и во Неготино, два случаја во Демир Капија.
Најмладиот има 14 години, а најстариот е на 81-годишна возраст, појасни Јовановски.
Од коронавирус починал 67-годишен неготинец, додаде Јовановски.
Се утврдуваат контактите на новозаболените со цел да се изолираат