ЗДРАВО И ЗБОГУМ ЛОНДОН Руски ТВ-водител потсети дека „Кинжалите“ се способни за 9 минути да стигнат до целта

Ракетата Кинжал има дострел од над 2.000 километри и може да достигне брзина 12 пати поголема од брзината на звукот, 9 минути и здраво Лондон или подобро здраво и збогум Лондон, рече Соловјов.

345

„Денес сите се хистерични бидејќи ракетите од Белорусија можат да стигнат до Лондон за 9 минути“.

Вака изјави Владимир Соловјов, водител на руската јавна телевизија, а неговите зборови за ракетата „Кинжал“ брзо прошетаа по Твитер. Оваа закана доаѓа веднаш откако Русија ја обвини Велика Британиај дека помагала во саботирање на гасоводот Северен Тек, но и во украинскиот напад на руските бродови во Црното Море, пишува Б92.






– Ракетата Кинжал има дострел од над 2.000 километри и може да достигне брзина 12 пати поголема од брзината на звукот, 9 минути и здраво Лондон или подобро здраво и збогум Лондон – додаде водителот.

 

Соловјов е познат по своите закани за Западот, кои ги објавува на телевизија. Тој сепак призна дека Русија се соочува со одредени проблеми. Пред камерите порача дека секој според своите капацитети и знаење мора да придонесе за решавање на проблемот, бидејќи само така Русија ќе биде подготвена за победа.

– Војниците треба да се борат, дипломатите да преговараат, политиколози да разговараат и да предлагаат решенија – заклучува Соловјов.

Поврзани содржини