„ЗДРАВИ“ НАМИРНИЦИ КОИ ГИ ПОВРЗУВААТ СО РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО Научниците предупредуваат за адитивите кои не се безопасни како што се прикажуваат
Многу од таканаречените здрави намирници што ги консумираме секој ден, како што се лајт јогуртот, протеинските шејкови или млеката на растителна основа, често содржат скриени адитиви кои би можеле да бидат поштетни за нашето здравје отколку што мислиме.
Научниците сè повеќе предупредуваат дека карагенанот, целулозната гума и слични адитиви ја нарушуваат цревната рамнотежа и не се толку безопасни како што се прикажуваат.
Многу од таканаречените здрави намирници што ги консумираме секој ден, како што се лајт јогуртот, протеинските шејкови или млеката на растителна основа, често содржат скриени адитиви кои би можеле да бидат поштетни за нашето здравје отколку што мислиме.
Едни од најпроблематичните се емулгаторите, супстанции што се додаваат во храната за да ја направат покремаста, постабилна и подолготрајна, но кои исто така можат сериозно да ја нарушат рамнотежата на цревната микробиота, да предизвикаат воспаление и да го зголемат ризикот од развој на рак на дебело црево.
Според д-р Марија Абреу, професорка и специјалистка за цревни заболувања на Универзитетот во Мајами, научните истражувања покажуваат дека хроничните воспаленија кои во организмот ги предизвикуваат емулгаторите, може да биде клучен фактор за загрижувачкото зголемување на ракот на дебело црево во светот.
Иако американската ФДА сè уште ги класифицира емулгаторите како „генерално безбедни“, има сè повеќе докази дека нивната честа консумација може да има сериозни здравствени последици.
На порталот „Арт кујна“ побарајте го прегледот на секојдневните намирници кои најчесто ги содржат овие адитиви.