ЗДРАВИ ГРИЦКИ Ф’стаците го контролираат холестеролот, шеќерот во крвта и крвниот притисок
Овие хранливи грицки содржат дури 20 проценти протеини, кои ќе направат да се чувствувате сити подолго време
Иако се нарекуваат јаткасти плодови, ботанички ф’стаците се семки. Луѓето ги јадат илјадници години и тоа не без причина. Освен што се вкусни, ф’стаците се и хранлив додаток во вашата исхрана.
Тие се состојат од 20% протеин, што е многу поголем сооднос на калории и протеини од повеќето јаткасти плодови. Протеините ви помагаат подолго да се чувствувате сити, а со тоа ви помагаат да ја контролирате вашата тежина.
Што содржат ф’стаците?
Ф’стаците можат да се пофалат со голема количина на антиоксиданти, веднаш зад обичните и пекан оревите. Антиоксидантите помагаат во борбата против слободните радикали, соединенија во вашето тело кои можат да ги оштетат клетките, протеините и ДНК, предизвикувајќи предвремено стареење, како и болести како рак, дијабетес и срцеви заболувања.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.