ЗДРАВАТА ХРАНА ВЛЕЗЕ ВО ФАСТ ФУД СВЕТОТ Здрав оброк во стаклена тегла: Протресете и вкусете!
Денеска е светски ден на брзата храна која речиси секогаш ја поистоветуваме со лоша и неквалитетна храна. Но не мора да е така. Напротив, храната која брзо се подготвува и се пакува во соодветни садови за земање или за достава до дома, може да биде и брза и здрава. Токму такви се и оброците кои ги подготвуваат двете пријателки Ана и Андријана, а ги пакуваат еколошки, во стаклени тегли
Малку е познато дека 16 ноември се слави како Светски ден на брзата храна. Многу често неправедно брзата храна се поистоветува со лоша и неквалитетна храна (џанк фуд), но денес брза храна не се само пиците, хамбургерите и сендвичите, туку и секоја храна која се подготвува брзо и се пакува во соодветни садови за земање или за достава до дома, а може да биде вистински мелем од вкусови.
Токму такви се оброците кои ги подготвуваат две млади жени во центарот на Скопје – свежи оброк салати во тегла со продукти од македонско поднебје, житни оброци без шеќер, повторно во тегла, смути, сендвичи и врапови. И сето тоа, ем брзо, ем здраво.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.