ЗДРАВЈЕТО СТАНА ЛУКСУЗ, ПОСКАПЕА ВИТАМИНИТЕ, МИНЕРАЛИТЕ Нема промена во цената на лековите кои се купуваат со рецепт

Во оваа категорија спаѓаат производи како што се комбинација на витамини, минерали, препарати за третман на симптоми на болка, запушен нос и слично. Значи не станува збор за зголемување на цени на лекови од позитивната листа“, нагласуваат од Министерството за здравство во писмениот одговор до МИА.

323

Цената на лековите кои се на позитивната листа нема да се зголеми, велат од Министерството за здравство, одговарајќи на прашањето дали поскапуваат лековите што не се на товар на Фондот за здравство.

„Станува збор за ОТЦ лекови, односно лекови што се издаваат или продаваат без лекарски рецепт, во аптеките или во продавниците за промет на мало. Цените на овие лекови на пазарот, се формираат слободно и не подлежат на регулирање, согласно позитивните прописи од областа на лековите. Во оваа категорија спаѓаат производи како што се комбинација на витамини, минерали, препарати за третман на симптоми на болка, запушен нос и слично. Значи не станува збор за зголемување на цени на лекови од позитивната листа“, нагласуваат од Министерството за здравство во писмениот одговор до МИА.

Поврзани содржини