ЗБОРУВАВМЕ ЗА КРИПТОПАЗАРОТ И ЗА БЛОКЧЕЈН ТЕХНОЛОГИЈАТА Мицкоски се сретна со директорот на најголемата компанија која менаџира криптовалути

Разговаравме за криптопазарот, иднината на крипто валутите и блокчејн технологијата. Секоја инвестиција во Македонија на Тетер и споделено искуство од најголемите во својата област е добредојдено, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

512

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук остави дека по инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп се сретнал со главниот директор во Тетер и одговорен за стратешките односи со владите во светот, Џеси Спиро.

„Разговаравме за крипто пазарот, иднината на крипто валутите и блокчејн технологијата. Секоја инвестиција во Македонија на Тетер и споделено искуство од најголемите во својата област е добредојдено. Мора да чекориме со големи чекори напред. Предизвиците на иднината не смееме да ги игнорираме и да останеме заобиколени туку треба да бидеме дел од нив, за да Македонија биде повторно горда и ваша!“, напиша Мицкоски.






Тетер е најголемата компанија во светот која менаџира дигитален капитал, криптовалути. Профитот на компанијата во 2023 година е 6,2 милијарди американски долари, а само во првата половина од 2024 година профитот на компанијата е 5,2 милијарди американски долари.

 

Поврзани содржини