ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ЕКОНОМСКИ ГРАБЕЖ Сега Македонија е во топ 5 економии во Европа, порачува ВМРО-ДПМНЕ
Сега сме држава во која платите растат во образованието, културата, полицијата, здравството, пензиите се зголемуваат – сега веќе и до 7.000 денари за само 18 месеци! Растот на БДП е 3.2%, на индустриското производство, 9,4%, извозот на земјоделските производи е зголемен за 50%, а после долг период, ребаланс на Буџет ќе се прави поради зголемени приходи, а не поради минус, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДС не очекуваме конструктивна или пак аргументирана критика, туку празни соопштенија кои ги пишуваат колку да помине денот. Тоа е само доказ дека кај нив владее очај и паника, од тоа што следи во октомври, а тоа е историски најголем пораз на СДСМ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ,
„Времето кога инфлацијата беше над 20%, кога граѓаните живееја со 150 денари на ден, кога платите и пензиите стагнираа во нивно време – сега тоа време заврши. Сега сме сведоци на поинаква политика која е исклучиво во интерес на граѓаните и на подобрување на животниот стандард“, соопшти партијата.
Состојбата која ја наследивме беше тешка и лоша, но не се предадовме туку работевме и денес продолжуваме во ист правец, се додава во соопштението.
„Од држава која беше на раб на банкрот, сега сме држава која е во топ 5 економии во Европа. Држава во која платите растат во образованието, културата, полицијата, здравството, пензиите се зголемуваат – сега веќе и до 7000 денари за само 18 месеци! Растот на БДП е 3.2%, што е убедливо подобар од минатите години на владеење на СДСМ. Индустриското производство бележи раст од 9,4%, извозот на земјоделските производи е зголемен за 50% во споредба со минатата година. Исто така, многу важно е да се напомене дека после долг период, ребаланс на Буџет ќе се прави поради зголемени приходи, а не поради минус“, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.
Овие индикатори, се додава, значат раст, развој и економска стабилност, како и правилно управување со јавните финансии. Ова значи чесно и домаќинско работење, за добробит на граѓаните.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги остави граѓаните како што тоа го направи СДС, туку напротив, ќе работи за подобрување на стандардот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.