🎥 ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРУБИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО Изведен е пред судија на претходна постапка

Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Груби, осомничен за проневера во Државна лотарија, денеска беше уапсен на граничниот премин „Блаце“ и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, по што беше спроведен на распит во Обвинителството.

95

Заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан Груби во Обвинителство, по што тој вечерва беше спроведен во Кривичниот суд, каде што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка. Распитот во Обвинителството траеше нешто подолго од 6 часа.

– Зошто се вративте? Дали се чувствувате виновен? – го прашаа Груби новинарите, а тој молчеше додека полицијата го спроведуваше со лисици на рацете.






Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Груби, осомничен за проневера во Државна лотарија, денеска беше уапсен на граничниот премин „Блаце“ и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, по што беше спроведен на распит во Обвинителството.

Заедно со поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, Груби беше осомничен за криминал од 8 милиони евра за нарачка на ВЛТ-апарати.

Груби подолго од една година е во бегство. Се бараше со меѓународна потерница, а му беше определен 30-дневен притвор во отсуство.

Истрагата за Државна лотарија е завршена и се чекаше Груби да биде пронајден и уапсен.

🎥 ВИДЕО СНИМКА ОД АПСЕЊЕТО НА АРТАН ГРУБИ Фатен е при влез во земјава, полицијата му ставила лисици на рацете

Поврзани содржини