ЕСМ ги повикува корисниците на парно греење да ги завршат сите потребни проверки и поправки на внатрешните грејни инсталации пред почетокот на грејната сезона, бидејќи редовното одржување на внатрешните грејни инсталации е нивна обврска. Се препорачува навремено да се извршат проверките и да се завршат започнатите интервенции во најкус можен рок, и тоа да се пријави во Центарот за грижа за потрошувачи. На тој начин граѓаните ќе придонесат испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено.
„Важно е заедниците на сопственици да овозможат пристап на службените лица до топлинските потстаници во објектите и да обезбедат непречено електрично напојување во топлинската станица (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Навременото и квалитетно снабдување со топлинска енергија е од витално значење за комфорот на нашите корисници. Затоа, апелираме да ги следат препораките и да соработуваат со службените лица за да се обезбеди непречено функционирање на системот за централно греење“, се наведува во соопштението од ЕСМ.
За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи. Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100