Заведи го и снимај го Новак Ѓоковиќ за 60.000 евра! Српска манекенка проговори за непристојната понуда ФОТО

1,693

Како што пишува српскиот магазин „Свет“, светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ бил мета на луѓе кои биле подготвени да сторат сè за да му го уништат бракот со сопругата Јелена. Како што вели во својата исповед српската манекенка Наталија Шќекиќ, некои менаџери и нивните соработници побарале од неа да го заведе Ѓоковиќ и да го снима нејзиното дружење со тенисерот.

– Ми се јави еден човек, тој е од Белград и го познавам, мислев дека е сериозен менаџер. Кога ме контактираше, помислив дека ме бара за сериозна работа, за преземање оглас или за фотографирање. Кога започна разговорот, кога ми го кажа планот, најпрво помислив дека тоа е скриена камера, почнав да се смеам. Ми изгледаше како шега, но, всушност, не беше. Тие навистина подготвувале пеколен план. Ми рекоа да го однесам Новак некаде на интимно место и да го снимам сето тоа – рекла манекенката.






„Понудата беше од 50.000 до 60.000 евра и патување од соништата по мој избор. Сето тоа ми беше навредливо. Не сум таква девојка, не сум спонзоруша ниту проститутка. Можам само да замислам што би се случило ако такво видео се објави. Би настанал огромен хаос. Ѓоковиќ не го заслужува тоа. Му соопштив дека сум навредена и дека никогаш не би го направила тоа“, изјавила манекенката па поентирала.

„Очигледно дека планот не им успеал, а затоа што по мене веројатно тоа истото и го понудиле и на друга девојка. Тоа не смее да му се случи на Новак, едноставно не е фер“, изјавила Шќекиќ.

Новак Ѓоковиќ со години е во брак со Јелена Ѓоковиќ, со која има две деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalija Šćekić (@natalijaa55)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини