КРАДЕЦ ФАТЕН НА ДЕЛО – На 05.10.2020 во 14.28 часот полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Т.З.(42) затоа што го затекнале при вршење на кривично дело „кражба“ . По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ТЕПАЧКА ВО ЗАТВОР – На 05.10.2020 во 18.26 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор – Скопје било пријавено дека во установата настанала физичка пресметка помеѓу неколку затвореници. Полициски службеници излегле местото и констатирале дека затвореникот А.А.(47) од с.Зајас, кичевско, бил физички нападнат од затворениците З.Р.(43) од Штип, Е.Ќ.(31) од Битола, Д.Д.(65) од скопско и А.А.(36) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
АГРЕСИВЕН СО ПОЛИЦАЈЦИТЕ – На 05.10.2020 во 12.10 часот во Скопје, полициски службеници го привеле Г.З.(42) од Скопје кој се однесувал агресивно кон полициски службеници што интервенирале по претходна пријава за семејно насилство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОЧИНАТА БАБА – На 05.10.2020 во 18.25 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во сопствениот стан на ул.„ Васил Ѓоргов“ била пронајдена почината З.П.(89) од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал доктор од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.
ОПОЖАРЕНО ВОЗИЛО – На 06.10.2020 околу 01.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Жегљане“ во Скопје настанал пожар во возило „ланд ровер“, сопственост на АД „Електрани на РСМ“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Нема повредени лица.
ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ ВОЗАЧИ – На 05.10.2020 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Даме Груев“, по претходно недоразбирање во сообраќајот, В.М.(40) од Скопје со тврд предмет го удрил Д.П.(69) од Скопје. По преземени мерки В.М. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
НАПАДНАТ НА УЛИЦА – На 05.10.2020 во 11.00 часот во СВР Скопје, С.А.(31) од Скопје пријавил дека околу 09.10 часот на бул.„Крсте Мисирков“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
РАЗБОЈНИШТВО НА БУЛЕВАР – На 05.10.2020 во 13.00 часот во СВР Скопје, А.Д.(32) од с.Мралино, скопско, пријавил дека на 01.10.2020 околу 21.45 часот на бул.„Никола Карев“ три лица физички го нападнале и му се заканиле со остар предмет, по што му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА – На 05.10.2020 околу 10.30 часот во СВР Скопје, Г.М.(51) од Скопје пријавил дека околу 09.30 часот во с.Миладиновци бил физички нападнат од С.С.(59) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекшоците против јавниот ред и мир.
КУЧИЊАТА КАСААТ – На 05.10.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Н.Ц.(61) од Скопје пријавила дека во с.Љубанци, скопско, била касната од куче скитник.
НАПАДНАТ ПОЛИЦАЕЦ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против З.Т.(58) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 22.09.2020 на ул.„23-ти Октомври“ во Свети Николе пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
БОМБИ И ШАРЖЕРИ – На 05.10.2020 во 16.45 часот било пријавено дека на стариот пат кон с.Лопате, кумановско, биле пронајдени пет бомби-кашикари како и две рамки за автоматска пушка (завиткани во најлонска кеса), кои најверојатно потекнуваат од конфликтот од 2001 година. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а бомбите се подигнати од служба од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 06.10.2020)