Затворени 7 училишта во Франција поради заразено дете со ковид-19

206

Одлуката за затворање на седум училишта во Рубна северот од Франција по случај на ковид-19 е донесена како мерка на претпазливост, од страна на општината, која се надева дека повторно ќе ги отвори училиштата уште на 25 мај, јави дописникот на МИА.

Седум училишта во Рубе, шест државни и едно приватно, се затворени од денеска како мерка на претпазливост, откако кај едно дете е откриен вирусот.






Регионалната здравствена агенција спроведува истрага со цел да ги идентификува сите лица кои можеби биле во близок контакт со детето.

Градот се надева дека оваа одлука ќе овозможи повторно отворање на овие училишта на 25 мај. Од почетокот на излегувањето од изолоцаијата на 11 мај и повторното отворање на училиштата, многу установи презедоа слични мерки на претпазливост по случаи или сомневања на ковид-19, како во Шарант, Дордоња, Ле Манс или Тулуз.

Според министерот за образоваие Жан-Мишел Бланке, од повторното отворање на 40.000 училишта минатиот понеделник, биле откриени 70 случаи на коронавирус. Во моментов 70 отсто од учениците ја следат наставата од дома.

Поврзани содржини