ЗАТВОРЕН Е ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН „НОВО СЕЛО“ Двата правци се блокирани поради сообраќајка
Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Поради сообраќајна незгода, од попладнево од 18.30 часот, во прекин е сообраќајот во двата правци на патниот правец Струмица – Ново Село, пред граничниот премин „Ново Село“.
Според информациите од портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, во полицијата било пријавено дека се случила сообраќајна незгода пред влезот во село Ново Село од правец на Струмица, а во неа учествувале два автомобила.
– Според првичните информации причинета е само материјална штета кај двете возила, а полицијата врши увид на местото на незгодата – изјави Трајанова за МИА.
Според неа, се очекува сообраќајот наскоро да биде нормализиран.
Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.