ЗАТАЛКАН КУРШУМ ПОВРЕДИ МАЖ Додека седел во двор бил погоден во раката
На 18 јули годинава беше пријавено дека заталкан куршум завршил во соба од куќа во Челопек, но немало повредени лица, додека на 13 јули од ваков куршум беше повредена 59-годишна тетовка.
Oд заталкан куршум синоќа бил повреден 40-годишник во тетовско Желино. Како што информираа од тетовската полиција, поради повредата тој побарал и лекарска помош.
– На 25.07.2022 во 21.30 часот во Полициското одделение Групчин, Е.Р. (40) од Желино, Tетовско, пријавил дека бил повреден во раката во дворот од куќата на неговиот брат, од залутано зрно од огнено оружје. Тој бил пренесен во Клиничката болница Тетово каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Тетово.
На 18 јули годинава беше пријавено дека заталкан куршум завршил во соба од куќа во Челопек, но немало повредени лица, додека на 13 јули од ваков куршум беше повредена 59-годишна тетовка.