Жител на Волково пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол залутано зрно од огнено оружје, соопшти МВР.
Денеска (29.06.2024) во 08.42 часот во СВР Скопје Н.И.(27) од селото Волково, Скопско, пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол залутано зрно од огнено оружје.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.