ЗАТАЕНИ СЕ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА Скопска градежна фирма две години го криела данокот

Скопската градежна фирма „Акчелик градба“ успеала да затаи 462.000 евра во данок за нелегално да управува со станбено-деловна зграда, јавува МИА. Фирмата е обвинета дека во периодот од мај 2018 година па сè до минатиот декември не го пријавувала данокот на добивка и дека зградата која е во фаза на завршена карабина ја префрлила на нов инвеститор без да му наплати и да му фактурира за тоа. 

4,375

– Продажната цена која изнесува 156.520.746 денари, претставува основа за пресметка на Данок на додадена вредност во износ од 7.826.037 денари и Данок на добивка во износ од 15.652.074 денари, при што пријавените спротивно на Законските прописи за извршената продажба не ги пресметале, пријавиле и не ги уплатиле Даноците кои ги долгуваат во вкупен износ од 23.478.111 денари – велат од УЈП.

Фирмата примила и аванси од купувачи на станови во вкупен износ од 104.835.423 денари кои не ги пријавила во „ДДВ – 04“ и не пресметалае и не уплатила Данок на додадена вредност по пресметаната даночна стапка од 4.76 проценти за кој била Законски обврзана при приемот на паричните средства или при извршената компензација во износ од 4.990.166 денари.

Поврзани содржини