Застрелан 23-годишен рапер, починал на лице место

504

Раперот Брис, со вистинско име Кристофер Тредвел, е убиен со истрели од огнено оружје, пренесува „Метро“.

Неговата смрт ја потврдија од полицијата во Сакраменто, каде што се случил трагичниот настан.






– Маж се здоби со по живот опасна рана и починал на местото на настанот. Пред пукањето дошло до судир меѓу два автомобили, за кои се верува дека се поврзани со случајот – рекле тие.

Брис неодамна објави спот за својата нова песна „Hammi“, а беше познат и по песните „Panhandling“, „Sparked a Fuse“ и „Lightning McQueen“.

Од раперот на социјалните мрежи почнаа да се простуваат колегите и пријателите.

 

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини