ЗАСЛУЖУВААТ ПОМИЛУВАЊЕ, НЕ Е ФЕР, И ТИЕ ИМААТ СЕМЕЈСТВА Бајден им ги ублажи казните на 2.500 затвореници, осудени за ненасилни прекршоци за дрога

Претседателот во заминување, Џо Бајден, истакна дека осудените „одлежале подолги казни одошто би добиле денес според сегашните закони“ и дека неговите потези ќе ги исправат „историските неправди“.

342

Претседателот на САД, Џо Бајден помилува речиси 2.500 лица осудени за ненасилни прекршоци поврзани со дрога, објави Њујорк тајмс.

Тој истакна дека осудените „одлежале подолги казни отколку што би добиле денес според сегашните закони“ и дека неговите потези ќе ги исправат „историските неправди“.






– Оваа акција е важен чекор кон исправaње на историските грешки, исправање на разликите во казните и овозможување на заслужните поединци можност да се вратат во своите семејства и заедници откако ќе поминат премногу време зад решетки – изјави Бајден.

Претседателот наведе и дека издал повеќе индивидуални помилувања од кој било друг претседател во историјата на САД.

Тој ги помилува затворениците 3 дена пред да му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател, Доналд Трамп.

БАЈДЕН КАКО ДЕДО МРАЗ 1.500 лица добија помали казни, најмногу во историјата на САД

Поврзани содржини