ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ За викенд посвежо, од понеделник стабилно и топло

Најстудено утро ќе биде во Маврово, со минимална температура од 9 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде се очекува температура до 33 степени Целзиусови.

608

Времето утре ќе биде променливо облачно, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.






Фото: УХМР

 

Најстудено утро ќе биде во Маврово, со минимална температура од 9 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде се очекува температура до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со повремена облачност. Температурата ќе достигне до 31 степен.

Во недела ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Потоа времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура.

Фото: УХМР
Поврзани содржини