ЗАШТИТА И ХУМАН ТРЕТМАН НА ЖИВОТНИТЕ Од „Поинаку“ ветуваат решение за вечниот проблем во Битола

Хуман третман итно е потребен и на животните во Зоолошката градина во Битола. Општина Битола има и ќе обезбеди и дополнителни средства за реконструкција и модернизација на Зоолошката градина.

215

Вечниот проблем кој постои во Битола и околината со бездомните животни и секојдневните расправии, мора конечно да биде разрешен со изградба на стационар за бездомни животни. Изградба на ваков стационар е почетна точка во заштитата и обезбедувањето на хуман третман на животните, велат од „Поинаку“.

– Потребно е системско решение на проблемот, институционални промени кои ќе резултираат со одговорно однесување кон животните, а тоа значи соработка со Здруженија за заштита на животните и дозвола за нивно вклучување во решавањето на ваквите проблеми, но и поддршка на барањата за реализација на проекти од оваа област, она што „Поинаку“ четири години неуморно го бараше во Советот на Општина Битола – истакнуваат од „Поинаку“.






Хуман третман итно е потребен и на животните во Зоолошката градина во Битола. Општина Битола има и ќе обезбеди и дополнителни средства за реконструкција и модернизација на Зоолошката градина, почнувајќи од изградба и проширување, односно соодветна адаптација на живеалиштата, па се до уредување на патеки и простор со забавни содржини за најмладите. Битолската зоолошка градина ќе биде атракција како за децата, така и за возрасните.

– Заштитата на животните не може да биди во фокусот само за време на политичка кампања, а да не постои во реалноста. Борбата на „Поинаку“ во Советот на Општина Битола беше приоритет и истата ќе ја продолжиме и понатаму со уште поголем интензитет. Тоа е добро познато на Битола и битолчани – нагласуваат кандидатите од советничката листа на „Поинаку“ за Битола.

Поврзани содржини