ЗАСЕДНАА ВУЧИЌ, КУРТИ И ПОСРЕДНИЦИТЕ И НЕ ИМ СЕ СТАНУВА Можно ли е самитот во Охрид да заврши со изненадување?

Пред трилатералниот состанок американскиот дипломат најави дека на самитот се разговара за финализирање на Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, но дека не се очекуваат потписи. Долготрајната втора рунда буди недоумици.

1,126

Веќе со часови трае втората рунда од заедничката средба на српскиот премиер Александар Вучиќ со косовскиот премиер Албин Курти, на која посредуваат шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Првата рунда од трилатералната средба траеше нешто повеќе од еден час, по што беше дадена пауза. Втората рунда трае невообичаено долго, а Борел го откажа летот за враќање во Брисел.






Новинарите коишто го следат самитот во Охрид, на кој се разговара за Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, без успех се обидуваат да дознаат што се случува и за што толку долго се разговара.

Во текот на билатералните средби на Вучиќ и на Курти со посредниците, претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, ги намали очекувањата од самитот, изјавувајќи дека очекува финализирање на анексот за спроведување на договорот, но не и негово потпишување.

Претседателот Вучиќ уште пред доаѓањето во Охрид најави дека на оваа средба нема ништо да потпише.

Интересно е дека во медиумите во Србија засега нема никакви посериозни шпекулации околу исходот на средбата.

Поврзани содржини