ЗАСЕДАВА ИТНИОТ КРИЗЕН ШТАБ ЗА ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВО Нема официјални информации за загинати
Телевизија алсат М објави дека има 14 жртви во пожарот.
Вечерва кризниот штаб кој беше итно е формиран во Општина Тетово во врска со состојбата по страотниот пожар во кој изгоре модуларната ковид болница.
Во итниот кризен штаб со кој раководи премиерот Зоран Заев се и замениците и министрите: Артан Груби, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Фатмир Битиќи, Оливер Спасовски, Аријанит Хоџа, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири како и градоначалничката на Тетово Теута Арифи.
Засега нема официјална информација колку лица го загубиле животот во пожар што ја зафати, но министгерот за здравство Филипче претходно изјави дека станува збор за голема несреќа и дека има починати лица.
Телевизија алсат М објави дека има 14 жртви во пожарот.
Медиумите од терен информираат дека во болницата имало 24 до 26 лица, пациенти, роднини и медицински персонал.
Повредените во пожарот итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани.