ЗАСАДИ ДРВО, НАПРАВИ НЕШТО ДОБРО ЗА ПЛАНЕТАТА! Пријавете се за големата акција за пошумување на dm дрогерие маркт

Компанијата dm дрогерие маркт ги повикува сите еколошки свесни граѓани и секој кој сака да учествува во развојот на еколошката свест да се приклучи на оваа голема акција и да се пријави на сајтот на dm.

73

Постојаното намалување на светскиот фонд на шуми и шумски предели е еден од најголемите светски еколошки проблеми, со сериозни негативни влијанија врз климата, здравјето на луѓето, популацијата, како и на светската економија. Големите пожари кои пустошеа минатата година, глобалните климатски промени и природните катастрофи го потврдуваат ова. Сѐ ова нѐ поттикнува поинтензивно да размислуваме колку шумите се важни во борбата против глобалното затоплување и климатските промени и колку е важно да се зачува природата.

За жал, не можејќи да одговориме на некои од овие промени, многу често се чувствуваме немоќни пред силата на природата, прашувајќи се колку човештвото придонесе здравјето на нашата планета да биде загрозено до тој степен. Од друга страна, сите овие промени нѐ потсетуваат дека е важно да станеме свесни и да се однесуваме поодговорно.






Секој од нас, како поединец може да придонесе да направи нешто добро за почиста и позелена животна средина. Секое внимание, секое засадено дрво е многу важно во целиот овој процес. Од огромно значење и за поздравување се сите масовни акции за пошумување, а еден таков проект е „Пошумуваме заедно за позелено утре“ – иницијатива на dm дрогерие маркт, преку која им се овозможува на сите заинтересирани граѓани да се вклучат во една голема и масовна акција за пошумување и да направат нешто добро за нашата земја и планетата.

Преку оваа акција, во првиот бран на пошумување ќе бидат засадени 27.000 садници, со што компанијата dm дрогерие маркт како општествено одговорна компанија сака значително да придонесе кон подобрување на состојбата на шумите во нашата земја, како и зголемување на еколошката свест кај населението. Компанијата ги повикува сите еколошки свесни граѓани и секој кој сака да учествува во развојот на еколошката свест да се приклучи на оваа голема акција со пријавување на следниот линк.

Пошумувањето и проширувањето на зелените површини, како една од најдобрите мерки за спречување на загадувањето, освен што има позитивен ефект за намалување на негативните ефекти од климатските промени, исто така има значителен ефект и врз спречување на лизгањето на земјиштето. Без заштита и проширување на дрвните површини, земјиштето со текот на времето станува неплодно и почнува да пропаѓа со што се предизвикува ерозија. Голото, незасадено земјиште е изложено на загадувачи. Пошумувањето, исто така, придонесува и за креирање нов дом за животинскиот свет.

Приклучи се и ти! Пошумуваме заедно, за позелено утре!

Поврзани содржини