ЗАРОБЕНОТО ОРУЖЈЕ РУСИЈА ЌЕ ГО ДОНИРА ВО ДОНБАС Стингерите и Џавелините ќе завршат кај бунтовниците од Луганск и од Доњецк
Насобравме голем број на заробено оружје од украинските трупи, вклучувајќи тенкови, оклопни возила, сите видови на пешадиско вооружување и артилериски орудија. Имаме запоседнато и големи количини на системите Стингер и Џавелин, вели неименуван офицер на руската армија.
Врвот на руската армија размислува на Кремљ да му предложи целокупното заробено оружје од украинската војска, да биде донирано на војските на самопрогласените републики Луганск и Доњецк.
– Насобравме голем број на заробено оружје од украинските трупи, вклучувајќи тенкови, оклопни возила, сите видови на пешадиско вооружување и артилериски орудија. Имаме запоседнато и големи количини на системите Стингер и Џавелин – вели неименуван офицер на руската армија.
Тој додаде дека претседателот на Русија, Владимир Путин, дозволил во Донбас да бидат испратени и напредните системи на руската армија, како поддршка на проруските републики.