ЗАРОБЕНИЦИ ОД ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ТРПЕЛЕ ТОРТУРА Тело на ОН се повикува на детални информации дадени од заробениците
Според извештајот, само украинската страна им дозволила пристап на експертите до заробените војници, согласно со меѓународното право.
Воени заробеници во Украина биле малтретирани и мачени и на руска и на украинска територија, тврдат експерти за човекови права на Обединетите Нации, јави германската новинска агенција ДПА.
Шефицата на делегацијата на ОН за човекови права во Украина, Матилда Богнер денеска информираше за откритијата на организацијата преку видео линк од Киев.
Според извештајот, само украинската страна им дозволила пристап на експертите до заробените војници, согласно со меѓународното право. Експертите разговарале со украински заробеници откако тие биле пуштени од руски притвор. Делегацијата се повикува на детални информации, дадени од заробениците.
Во изминативе месеци, делегацијата зборувала со вкупно 159 воени заробеници притворени од Русија, вклучувајќи 20 женски лица. Тимот експерти спровел разговори и со 175 машки лица, држени во заробништво од Украинци.