Зарем тоа што се идентификуваме како Македонци е национализам?!
Како тоа со идентификувањето со македонската нација, го засегнуваме идентитетот на други нации?! Немаме македонска нација, бидејќи сме биле други?! Треба да се грижиме за интересите на другите нации, наместо за своите, македонските?!
Некои наши интелектуалци пишуваат дека исходот од првиот круг на локалните избори во Република Македонија било вовед во национализам. Но не обичен, туку досега невиден македонски национализам, што се манифестирал ни помалку ни повеќе во „идентификацијата со сопствената нација“?! Специфичноста на овој македонски национализам, според овие интелектуалци, се состоела во тоа што идентификацијата со нацијата и поддршката на нејзините интереси, била „на сметка на интересите на други нации“?!
Што сакаат со тоа да кажат, односно да порачаат? Дека не смееме да се идентификуваме како македонската нација, бидејќи македонска нација не постои? Дека со идентификувањето со македонската нација, го засегнуваме идентитетот на други нации?! Дека немаме македонска нација, бидејќи сме биле други?! Дека треба да се грижиме за интересите на другите нации, наместо за своите, македонските?! Дека сѐ што е спротивно на ова, било национализам?!
Пишуваат исто така дека актуелните политички состојби во Македонија, биле истоветни со оние со кои се соочил (неименуван) римски император, кого народот го замразил, не затоа што бил слаб, туку затоа што склучил непопуларен договор со непријателите, со што го повредил достоинството на народот. Но, наспроти да го возвелича, бидејќи залогот за тоа бил спасот на народот на Рим и на државата, неблагодарниот народ со тек на време го замразил.
Но, овие интелектуалци не пишуваат за исходот од ваквата политика, што довело до дефинитивен крај на Рим! Падот на Рим, бил причинет токму од посочените слаби римски императори, кои наместо да се потпрат на сопствените сили, склучувале договори со непријателите, бидејќи не биле способни самите да ја управуваат Империјата, со и во име на народот на Рим. Со тоа „неблагодарниот“ народ на Рим останал и без достоинство и без држава!
Мошне несреќно земен пример од историјата, како последица од нејзиното непознавање и селективноста во интерпретирањето и нејзиното користење за моменталните политички потреби!
(ФБ статус на авторот)