„ЗАРЕМ НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА СЕ СПРЕМА НЕВРЕМЕ?“ Пет тела извлечени од јахтата која потона кај Сицилија

Истрагата за случајот може да трае со месеци, јави дописничката на Би-Би-Си. Џовани Констанино, раководител на „Италијан Си Груп“, компанијата која ја поседува компанијата која го произвела бродот, за весникот „Кориере дела сера“ посочил неколку пропусти: дека јахтата не смеело да биде закотвена, дека т.н. „строг отвор“ останал отворен, дека долното сечило на бродот требало да биде спуштено и дека екипажот требало да знае дека тој ден се спремала бура.

3,912

Италијанската крајбрежна стража трага по само уште едно тело на шестемина кои потонаа во јахтата „Бајезиан“, кај Сицилија. Се работи за ќерката на „британскиот Бил Гејтс“, техномилијардерот Мајк Линч, 18-годишната Хана. Телата на останатите се пронајдени. Од 22 лица на екипажот, 15 беа првично спасени, додека по шестемина кои останаа се трагаше со денови.

Четири од телата беа извлечена вчера, а утринава уште еден труп. Претходно, беше пронајдено и телото на бродскиот готвач Реаклдо Томас.






Има многу прашања кои се вртат наоколу во врска со трагедија и истрагата ќе потрае со недели, ако не и со месеци, пишува Британи Бел, дописничка на Би-Би-Си. Зошта потона оваа суперјахта кога другите бродови околу неа не потонаа? Дали можело да се направи нешто за да се ублажат екстремните временски услови тој ден?

Џовани Констанино, раководител на „Италијан Си Груп“, компанијата која ја поседува компанијата која го произвела бродот, за весникот „Кориере дела сера“ посочил неколку пропусти: дека јахтата не смеело да биде закотвена, дека т.н. „строг отвор“ останал отворен, дека долното сечило на бродот требало да биде спуштено и дека екипажот требало да знае дека тој ден се спремала бура.

Тој потсетува дека тој ден на пристаништето Портичело немало многу рибари.

Капетанот на бродот бил испрашуван цели два часа. Телата се пренесени во мртовечници, но уште не почнала формалната идентификација, бидејќи според италијанскиот закон првин мора да бидат известени семејствата на жртвите. Неформално, идентификувани се сите петмина.

Би-Би-Си ги пренесува потресните сведоштва на преживеаните.

Во едно од сведоштвата, патничката Шарлот Голунски од екипажот ја држела својата едногодишна ќерка Софија над брановите за да спречи да се удави.

– Таа ми кажа дека две минути откако заспала со нејзиното бебе биле во вода, не разбрала како се случило ова, сè се стемнило – изјави до-р Доменико Ципола од детската болница во Палермо каде се однесени мајката и детето.

Партнерот на Голунски бил во друга соба кога нагрнала водата.

– Таа го држела детето високо во раце над брановите, неколку секунди бебето било во вода, но го спасила.

Останатите кои потонаа во бродот чии тела беа пронајдени се Џонатан Блумер, претседател на „Морган Стенли Интернешнел“, неговата сопруга Џуди Блумер, повереник на британска добротворна организација која финансира истражување за гинеколошки карциноми, Крис Морвило, партнер во адвокатската фирма Клифорд Ченс и неговата сопруга Неда Морвиљо, дизајнерка на накит.

Хана Линч, ќерката на техномилијардерот Линч по која уште се трага, беше опишана од своите врсници како остроумна и амбициозна девојка која сакала да стане писателка и да студира англиски јазик. Нејзината мајка, сопругата на 56-годишниот Линч беше меѓу 15-тмината кои успеаја да се спасат.

Линч беше еден од најпознатите технолошки инвеститори во Велика Британија. Тој ги покани пријателите да му се придружат на јахтата за да го прослават неговото неодамнешно ослободување во судскиот процес за измама во САД.

Линч беше дел од одборот за собирање средства, основан од Cancer Research UK, кој придонесе за изградбата на Институтот Френсис Крик, кој и самиот е регистриран добротворен фонд кој работи во биомедицински истражувања.

Претседателот на Институтот, лорд Џон Браун, бил „човечко суштество со големи способности“.

 

 

 

 

Поврзани содржини