ЗАРАЗЕНИ СО ОМИКРОН СЛОБОДНО СЕ ДВИЖАТ За самотест прво земете си брис од грло – совет од лекарот Лазаров

Со закон ми е забрането и немам како да реагирам кога ги гледам по ресторани, си одат на работа, шетаат најнормално, дури и продавачи кои одат по канцеларии, ова не е нормално!, напиша Лазаров на Фејсбук.

3,281

Матичниот лекар Ненад Лазаров предупредува дека лица заразени со вирусот корона слободно се шетаат надвор и одат на работа.

„Во моментов имам ист или поголем број ковид пациенти без ПЦР, отколку такви кои имаат. Повеќето прават тест сами дома и сами си одредуваат колку и дали ќе бидат во изолација! Со закон ми е забрането и немам како да реагирам кога ги гледам по ресторани, си одат на работа, шетаат најнормално, дури и продавачи кои одат по канцеларии, ова не е нормално!“, напиша Лазаров на Фејсбук.






Тој советува кога се прават дома брзите тестови, треба да се земе прво брис од грлото.

„Кога се самотестирате со брз тест со брис од нос, со истото стапче прво земете примерок од грлото, со што значително се намалува бројот на лажно негативни тестови. Сензитивноста на брис од грло заедно со нос кај омикрон е очигледно поголема во првите денови од инфекција“, објаснува Лазаров.

Поврзани содржини