ЗАПУКАЛ ПО СЛУЖБЕНИЦИТЕ ОТКАКО МУ ПОБАРАЛЕ ДА СТАВИ МАСКА Двајца убени во инцидентот во Москва
Како што наведува РТ, инцидентот се случил во просториите на една државна институција каде се издавале официјални документи, а соопштено е и дека на пукањето му претходела расправија околу задолжителната мерка да се носи маска во затворена просторија.
Најмалку двајца луѓе се убиени, а уште тројца повредени, откако вооружен напаѓач отвори оган во Москва, Русија.
Како што наведува РТ, инцидентот се случил во просториите на една државна институција каде се издавале официјални документи, а соопштено е и дека на пукањето му претходела расправија околу задолжителната мерка да се носи маска во затворена просторија.
На една локална телевизија беше објавен идентитетот на напаѓачот, се работи за 45-годишниот Сергеј Глазов од Москва, а потврдена е информацијата дека тој е лишен од слобода.
– Тој извади оружје и почна да пука. Никој од вработените немаше време да го притисне алармот – изјави еден од преживеаните сведоци на настанот.
Меѓу повредените се најде и 10-годишно дете.