ЗАПОРОЖЈАНИ ДОБИВААТ ТАБЛЕТИ СО ЈОД Украинските власти ги спремаат жителите за можната катастрофа
Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ) соопшти дека собрала тим инспектори и е подготвена да ја посети локацијата, но дека останува нејасно кога ќе добијат дозвола од руската страна.
Додека светот чека и трепери пред можната нуклеарна катастрофа која му се заканува на Запорожје, украинските власти им делат таблети со јод против радијација на жителите во близина на централата. Таа беше привремено исклучена на 25 август поради шумски пожар за кој Киев и Москва меѓусебно се обвинуваа, а доколку потфрлат нејзините системи за ладење тоа би значело пропаст.
Претходно, Русија го блокираше усвојувањето на декларацијата на ОН за нуклеарно разоружување поради спомнувањето на загриженоста околу централата Запорожје.
Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ) соопшти дека собрала тим инспектори и е подготвена да ја посети локацијата, но дека останува нејасно кога ќе добијат дозвола од руската страна.