Започнува вакцинација со „полесната“ верзија на руската вакцина за ковид-19
„Спутник лајт“ во основа е првата компонента на вакцината „Спутник V“ и нејзината ефикасност се проценува на скоро 80 проценти.
Првите дози од новата вакцина „Спутник лајт“ ќе бидат достапни за граѓаните од 25 јуни, објави денеска министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко.
– Вакцините „Спутник лајт“, кои можат да послужат и како втора доза за ревакцинација, во моментов се подложени на тестови за производство и квалитет. Мислам дека „Спутник лајт“ ќе се најде на пазарот во текот на следната недела, а од 25 јуни првите дози ќе се администрираат на цивилното население – потврди Мурашко.
„Спутник лајт“ во основа е првата компонента на вакцината „Спутник V“ и нејзината ефикасност се проценува на скоро 80 проценти.
Во последните 24 часа беа потврдени уште 17.378 заразени лица во Русија, вкупно 1.294.154 од почетокот на пандемијата.