Започнува повторно проектот „Ново Име“
Потсетуваме дека сите активности во рамките на овој проект, кои се одвиваа во текот на март, се стопирани во средина на месецот - велат огранизаторите.
Организаторите на проектот „Ново Име“ соопштија дека по паузата, предизвикана од коронавирусот, повторно стартуваат со подготвките за ова шоу.
– Потсетуваме дека сите активности во рамките на овој проект, кои се одвиваа во текот на март, се стопирани во средина на месецот. Тогаш е прекинато гласањето во рамки на третиот циклус но, сите пријави (кои последни се објавени на платформата novoime.mk) и понатаму се валидни, така што повторно ќе бидат активирани на 15. јуни, на полноќ. Од тој момент почнува гласањето за третото Ново Име, кое ќе трае до крај на јуни. По стариот, добар обичај, на полноќ од последниот ден на тој месец, гласањето завршува, така што веќе на 1. јули ќе го имаме победникот, односно ќе дознаеме кој со својот талент се изборил за титулата Ново Име во Македонија, наведоа организаторите.
„Ново Име“ е проект кој во потполност го реализираа компаниите HTL MAKEDONIJA и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата „Novomatic“, со желба да ги поддржат и охрабрат младите од територијата на цела Македонија да го претстават својот талент и да добијат поддршка за негово унапредување во вредност до 2.500 евра